Tuesday, April 26, 2016

ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ПРИЛЕП


              Во Прилеп образованието се одвива во повеќе училишта. 
       Од основните училишта Образованието во Прилеп се одвива во повеќе училишта. Основни училишта се: ОУ „Блаже Конески“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Добре Јованоски“, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Кире Гаврилоски“ и ОУ „Рампо Левката“. Во составот на основните училишта функционираат и повеќе подрачни училишта во градот и околните села.

ОУ Кочо Рацин


ОУ Рампо Левката

        Средни училишта се:Гимназијата „Мирче Ацев“, а од стручните: СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и СУ „Орде Чопела“,  на кои постојат голем број на стручни насоки.

СОУ Ѓорче Петров



Гимназија Мирче Ацев

             Од високото образование постои Економскиот факултет, како и дисперзирани студии за информатика и компјутерска техника и земјоделие, производство и преработка на тутун, рударство, геологија  и инженерство на природни ресурси. 
Исто така, во Прилеп функционираат и постдипломски студии при Институтот за композитни материјали и роботика.

Економски факултет Прилеп


Tuesday, April 19, 2016

Убавините на Прилеп



             Прилеп-град во Македонија, сместен во севениот дел на Пелагониската Котлина, во јужниот дел на Република Македонија. Прилеп е познат како "градот под Марковите Кули" поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко. 


                                                                                                                                                                          Прилеп се одликува со многу природни убавини и културни знаменитости. Тој има богата историја. Поради големиот број на борци и жртви кои прилеп ги дал во НОВ тој е прогласен за "град херој". За тоа зборува "участoкот" кој денес е меморијален музеј постветен на НОБ.


          Могилата на непобедените претставува меморијален комплекс во спомен на паднатите борци кои животот го дале за слободата на Македонија. 


        Прилеп е центар на производство на висококвалитетен тутун и цигари. Тутунот е еден од прилепските традиционални култури што успева во македонската клима. 


    Во Прилеп има многу културно историски споменици. Едни од попознатите се "Саат Кулата", "Старата Чаршија", "Споменикот на Александар III Македонски" и други.

     

        Прилеп и околината се богати со голем број на цркви и манастири. Еден од најпознатите манастири е "Манастирот Трескавец" кој со својата убавина и фрескоживопис привлекува голем број на туристи.