Убавините на Прилеп
Прилеп-град во Македонија, сместен во севениот дел на Пелагониската Котлина, во јужниот дел на Република Македонија. Прилеп е познат како "градот под Марковите Кули" поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко.
Прилеп се одликува со многу природни убавини и културни знаменитости. Тој има богата историја. Поради големиот број на борци и жртви кои прилеп ги дал во НОВ тој е прогласен за "град херој". За тоа зборува "участoкот" кој денес е меморијален музеј постветен на НОБ.
Могилата на непобедените претставува меморијален комплекс во спомен на паднатите борци кои животот го дале за слободата на Македонија.
Прилеп е центар на производство на висококвалитетен тутун и цигари. Тутунот е еден од прилепските традиционални култури што успева во македонската клима.
Во Прилеп има многу културно историски споменици. Едни од попознатите се "Саат Кулата", "Старата Чаршија", "Споменикот на Александар III Македонски" и други.
Прилеп и околината се богати со голем број на цркви и манастири. Еден од најпознатите манастири е "Манастирот Трескавец" кој со својата убавина и фрескоживопис привлекува голем број на туристи.
No comments:
Post a Comment